Дали си подготвен да го трансформираш твојот живот?
Заинтересиран си да учествуваш во семинар кој комплетно ќе го промени начинот на кој гледаш и се однесуваш на важните моменти во твојот живот?
BigU Academy во соработка со International Marketing Agency доаѓа во Скопје на (23ти јуни), заедно со Смиљан Мори – човекот кој го има посветено својот живот на помагање на луѓе на кои им е потребна мотивација и позитивна енергија. Смиљан е еден од најпознатите мотивациски говорници во Европа и автор на многу бестселери. Започнал од нула, но со разни умствени алатки денес живее успешно, среќно и балансирано чувајќи го своето умствено здравје.
https://www.facebook.com/international.marketing.agency.nj/videos/1948925898472165/
Овој семинар ќе ти помогне да го промениш начинот на размислување како и да станеш подобра везија од себеси. Ова е уникатна шанса да го направиш првиот чекор кон подобра и позитивна иднина.
Прочистување на душата и умот е можеби една од најважните работи кои треба да ги направиме за себе. Живееме во сртесно време, опкружени со информации и можности насекаде околу нас, кои не заситуваат и истовремено не ни дозволуваат да се концентрираме на она што суштински е важно – душевниот мир.
Овој семинар ќе ти го овозможи токму тоа – чистење на умот и ослободување од лоши навики и негативна енергија.
Темите на кои ќе работиме на овој семинар се:
- Ослободување од ограничувања кои не спречуваат да го живееме животот со целосен потенцијал
- Да се сакаме самите себеси, и секогаш да сме на прво место
- Да ја откриеме својата страст и потенцијал за профитабилна кариера
- Да се ослободиме од лошите навики кои му штетат на здравјето
- Да се ослободиме од токсични луѓе во нашата околина
- Да воспоставиме добар однос со пријателите и семејството
- Да привлечеме љубов и среќа во животот
- Да бидеме успешни во избраната професија
- Да живееме живот во кој нема каење
- Да станеме најдобрата верзија себе
- Да ја напуштиме удобната зона
Самиот човек е свесен за својот потенцијал и што сака да постигне во животот. Но, многумина од нас не го знаат патот како да стигнат до таму.
Се’ е тренинг, се е умствена вежба, а и секако за се треба трпение. Затоа ние со овој семинар сакаме да ти покажеме како да го постигнеш тој баланс, како да го тренираш твојот мозок да ти дозволи да бидеш тоа што всушност си.
Фразите како “не можам” и “не знам” нема да бидат повеќе дел од твоето секојдневие. Крајната цел е да научиш дека границите постојат само во твојата глава, и доколку ги тргнеш ништо не може да те сопре.
Самосвеста е крајната цел – и ние ќе ти помогнеме да ја достигнеш.
Затоа превземи ја контролата над твојот живот и придружи ни се на 23ти јуни во Holiday Inn Skopje – Milenium Hall 1.
Семинарот ќе трае од 10 часот наутро до 18 на пладне. Котизацијата за учество е 3.700 денари, а вашата резервција можете да ја направите на следниов линк или на телефонскиот број: +389 (0)2 243 3250
Кој е Смиљан?
Смиљан Мори е човекот кој може да ти помогне да го промениш својот живот и да ти покаже како да живееш без граници.
Тој е водич кој што носи промена, ти помага да ја прифатиш полесно таа промена со неговата извонредна енергија – а во исто време е постојано со тебе на твојот пат кон успехот.
Смиљан има скромни почетоци, меѓутоа тоа не го спречило да стане она што е денес. Завршениот правен факултет било нешто што не му давало инспирација, ниту пак го мотивирало доволно за да води исполнет живот. Со малку финансии во својот џеб одлучил комплетно да го смени својот живот и тоа на доста едноставен начин – ги променил своите гледишта за себе и за својата околина завземајќи позитивен став и перспектива.
Како Смиљан може да ти помогне на тебе?
- Како успешен бизнисмен, автор и советник може да ти објасни на доста хумористичен начин како токму тој успеал да преброди разни препреки кои биле поставени пред него на почетокот на неговата кариера. Воедно многу успешно може да те инспирира а сведок за тоа можат да бидат учесниците на неговите семинари оддржани во повеќе од 30 држави на темата “Become Immortal”.
- Како еден од најпознатите тренери за бизнис, продажба и мотивација во Европа ќе ти покаже низ низа испробани, сигурни и научно докажани техники како секогаш да победуваш и успеваш во полето на лидерство и мотивација. Преку овие техники тој им има помогнато на повеќе CEO на компании, менаџери и спортисти во постигнување подобри резултати.
- Како глобален мотивационен говорник кој досега има едуцирано, инспирирано и помогнато на преку 150.000 луѓе во преку 50 држави за како да го променат комплетно својот живот и да бидат задоволни со него.
Смиљан Мори е човек кој го има посветено својот живот за да им помогне на луѓето кои живеат затворени во границите на својот ум и не ги знаат можностите што ги поседуваат. Тој се има посветно да го пренесе својот начин на размислување кон сите што се подготвени за промена, сите што сакаат да го достигнат максимумот во својот живот, сите што веруваат дека со силна желба и умствена работа – ништо не е невозможно.